Дома Фудбал Останато Ферги секогаш бил главен: Бекам откри како морал да се шиша на сред натпревар

Ферги секогаш бил главен: Бекам откри како морал да се шиша на сред натпревар

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам се потсети на времето кога играше за Манчестер Јунајтед, а тренер му беше Сер Алекс Фергусон.

Бекам е еден од оние фудбалери кои во текот на кариерата многу пати ја промениле фризурата, а најмногу тоа го правеше на почетокот на кариерата, токму кога играше за Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во една ситуација тој се одлучил да ја направи популарната „Мохавк фризура“, но се плашел од реакцијата на Фергусон кога ќе го види. Бекам се потсетува дека во тие денови на сите начини се обидувал да ја сокрие фризурата.

„Имав Мохавк фризура и се плашев од реакцијата на Фергусон. Премногу се плашев за да би му ја покажал. На тренинзите одев со капа, тренирав со капа, во хотелот седев со капа…Така правев се доручкував, ручав и вечервав“…

Сепак, дошло момент кога морал да ја извади капата. Фергусон во еден натпревар на „Вембли“ го подигнал од клупата и тогаш настанал проблем.

„Кога ме виде ми кажа да одам да се шишам. Почнав да се смеам, но тој беше сериозен. Морав да одам во соблекувалната и да пронајдам ножици за самиот да се ишишам. Тоа го направив додека натпреварот се играше. Тренеерот секогаш е главен“, откри Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…