Дома Трансфер зона Фекир повторно е актуелна тема: Два клуба се фаворити за неговиот потпис

Фекир повторно е актуелна тема: Два клуба се фаворити за неговиот потпис

Набил Фекир минатото лето беше на чекор од трансфер во Ливерпул.

Меѓутоа проблемите со коленото кои беа откриени на лекарските прегледи беа причина за трансферот од 70 милиони евра да пропадне, па Фекир остана во Лион.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, веќе во јануари Фекир би можел да го напушти Лион. Клубот е спремен да го пушти за адекватна сума на пари, „Франс Фудбал“ тврди дека интерес за неговите услуги покажале Челзи и Баерн.

Двата тима имаат намера да се засилат, како во јануари така и во летниот преоден рок. Фекир исто така од поодамна има желба за заминување, а сега фаворити за неговиот потпис се Челзи и Баерн.

Цената која францускиот тим ја бара за неговите услуги во овој момент изнесува 60 милиони евра, а оваа сума на крајот би можела да биде и нешто поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…