Дома Трансфер зона Фекир за првпат јавно проговори: Која е вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул!

Фекир за првпат јавно проговори: Која е вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул!

Фантастичниот крилен фудбалер на Лион, Набил Фекир ова лето беше на прагот да направи трансфер во Ливерпул. Се беше договорено, цената беше одредена, но падна на лекарските прегледи.

Ливерпул прифати да исплати 53 милиони евра на Лион за Фекир, но но на лекарските прегледи се појави загриженост поради коленото на францускиот репрезентативец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот го „закочи“, Ливерпул бидејќи како што се наведува се обидел да ја намали цената, а на крајот се пропадна.

Денес 25-годишниот Фекир првпат јавно прогови за својот пропаднат трансфер на „Енфилд“ и се чини за се е виновен Ливерпул.

„Слушнав многу работи. Вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул. Такви работи се случуваат, тоа е едноставно така. Мораме да одиме натаму, се е тоа во минатото. Потполно се помирив со фактот дека тој трансфер пропадна“, порача Фекир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…