Роџер Федерер е првиот тенисер кој обезбеди пласман во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако го совлада Леонард Мајер од Аргентина со резултат 3:0 по сетови 6:2, 6:3 и 6:3.
Во првите 4 натпревари во Париз оваа година Федерер не загуби сет, а во четвртфиналето тој го очекува победникот од дуелот помеѓу неговиот сонародник Стен Вавринка и 20-годишниот грчки талент Стефанос Циципас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Воедно Швајцарецот стана и најстариот играч кој се пласирал меѓу најдобрите осум на еден Грен слем турнир уште од 1991 година. Тоа до сега му успеало на Џими Конорс, на „УС Опен“.