Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените“ од „Енфилд“ се големи фаворити за потписот на ѕвездата на Арсенал, Арон Рамзи.
27-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со „топџиите“ и на лето ќе го напушти клубот како слободен агент, а траката за неговиот потпис веќе започна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Велшанецот силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Ливерпул моментално е во пол-позиција за неговиот потпис.
Доколку се реализира овој трансфер, Рамзи ќе биде вториот играч на Арсенал кој се сели на „Енфилд“, после Алекс Окслејд – Чемберлејн и сигурно потег кој „топџиите“ нема да му го простат никогаш.