Дома Фудбал Фановите на Реал Мадрид со порака до Жозе Мурињо

Фановите на Реал Мадрид со порака до Жозе Мурињо

На Жозе Мурињо не му „цветаат рози“ оваа сезона и се погласни се шпекулациите на Островот дека му се заканува отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Викендов „црвените ѓаволи“ запишаа уште еден разочарувачки резултат, откако одиграа 0:0 против Кристал Палас, па сега заостануваат 14 бода зад лидерот Манчестер Сити.

Пред тој меч друг европски гигант – Реал Мадрид запиша срамен пораз на гостувањето кај Еибар со 3:0. На трибините на стадионот дел од навивачите на Реал испратија порака до бившиот тренер на „кралевите“ Жозе Мурињо. Имено, тие го молат „Специјалниот“ да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

Пред извесно време поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон изјави дека порано или подоцна Перез ќе го врати „Специјалниот“ на кормилото на „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …