Дома Фудбал Англија Фановите го избраа тимот на сезоната во Премиер лигата!

Фановите го избраа тимот на сезоната во Премиер лигата!

Откако ги објави индивидуалните награди за оваа сезона во Премиер лигата, денес „Би-Би-Си“ го објави и идеалниот тим кој беше избран од фановите кои гласаа  на сајтот на медиумот.

Не е изненадување е што во идеалниот тим доминира Ливерпул, кој е неприкосновен лидер на табелата и е многу блиску до титулата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Црвените“ се претставени со Алисон Бекер, Александер Арнолд, Вирџил ван Дајк, Ендру Робертсон, Џордан Хендерсон (кој беше избран и за играч на сезоната), Мохамед Салах и Садио Мане.

Во тимот се и дефанзивецот Сојунчу од Лестер, ѕвездата на Јунајтед, Бруно Фернандеш како и Де Брујн и Агуеро од Манчестер Сити. За менаџер на сезоната разбирливо е изгласан Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…