Дома Трансфер зона Фабињо му даде „корпа“ на Пари Сент Жермен

Фабињо му даде „корпа“ на Пари Сент Жермен

Ливрпул ова лето за 40 милиони фунти го донесе Фабињо од Монако како големо засилување, но Бразилецот се уште не се вклопил во тимот.

Фабињо добива мала минутажа и се уште не се адаптирал во Премиер лигата, па сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација и да го врати Бразилецот во Франција, а тамошните медиуми тврдат дека веќе започнале преговори.

Тухел има потреба од играч за врска и во Фабињо гледа идеално решение, особено поради фактот што играчот одлично ја познава лигата и нема да има проблеми со адаптацијата.

Сепак, Фабињо инсистира дека не сака да ја промени средината во јануари и покрај фактот што се поврзува со трансфер во ПСЖ.

Наводно Бразилецот не сака да се враќа во Франција и ја одбил понудата од ПСЖ бидејќи сака да се докаже во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…