Легендарниот Фабио Капело одлучи да зборува во јавноста за голем број детали, но веројатно најголемо внимание привлече со неговата изјава за Златан Ибрахимовиќ.
Трофејниот тренер се потсети на времето кога Златан Ибрахимовиќ пристигна во Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога Ибрахимовиќ пристигна во Јувентус, шутот не му беше силна страна. Мино Раиола ми кажа: Има фантастичен удар, може да скрши рака на голман. Му одговорив: До сега ги кршеше само прозорците во салата за тренирање! Потоа ибра започна да тренира секој ден и да вежба и денес сите можат да видат колку напредуваше“, изјави Капело.
Капело сепак истакна дека Ибра бил и тогаш квалитетен фудбалер и дека бил запознаен со неговите квалитети.
„Го забележав додека бев тренер на Рома, Јувентус направи одличен потег. Успеаа да го купат за 16 милиони евра и тоа на четири рати. Во Ајакс сметаа дека нема да биде голем играч. Го избраа Мидо кого полесно можеа да го контролираат“, открива Капело.