Дома Трансфер зона Уште една ѕвезда на Тотенхем се сели во Интер

Уште една ѕвезда на Тотенхем се сели во Интер

Миласкиот гигант Интер во последно време работи одлично со привлекувањето на слободни агенти, а тоа може да продолжи и ова лето.

Имено, Интер му предложил договор на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, чиј договор со „спарси“ истекува на лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нема најави дека Белгиецот ќе го продолжи договорот со Тотенхем и најверојатно ќе го промени клубот како слободен агент.

Интер веќе доставил понуда до неговиот агент и моментално „нероаѕурите“ важат како фаворити за неговиот потпис.

Оваа сезона Вертонген одигра 24 меча за „спарси“ на кои постигна 1 гола и запиша 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…