Дома Фудбал Италија Уште еден удар за Рома: Без Заниоло против Јувентус

Уште еден удар за Рома: Без Заниоло против Јувентус

Како да нема крај за проблемите на Рома. После повредата на Џорџињо Вајналдум кого го чека подолга пауза поради скршеница на ногата се повреди и Заниоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без Вајналдум Рома најверојатно ќе биде некаде до јануари, а против Кремонезе Рома остана и без Заниоло кој заработи поситна повреда.

Во финишот од првото полувреме Заниоло во еден против напад незгодно падна и остана да лежи на тревата. Веднаш му беше укажана лекарска помош, а потоа беше заменет.

Италијанскиот репрезентативец беше изнесен на носилки и пренесен во болница. Рома без Заниоло ќе биде до крајот на септември. Следното коло „волчицата“ му гостува на Јувентус и сигурно дека неиграњето на Заниоло ќе биде проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се сеќавате ли што му кажа Марадона на Кејн во 2017 година? (Видео)

Хари Кејн е подготвен да ја води Англија кон финалето на Светското првенство против Аргент…