Дома Фудбал Уште еден удар за Каталонците: Реал краде уште една мета

Уште еден удар за Каталонците: Реал краде уште една мета

Екипата на Барселона во јануари ќе доживее нов удар што се однесува до клупската трансфер политика.

Најголемиот ривал на каталонскиот клуб, мадридски Реал, го договори доведувањето на играчот за кој Барселона беше луда неколку месеци наназад.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се работи за фудбалерот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорте. Овој фудбалер во текот на летото одби да премине во редовите на тимот од „Ноу Камп“, а тоа го направи поради желбата да игра во Реал Мадрид.

Таа желба и ќе му се испочне. Лапорте, според наведувањата на Дон Балон, веќе во јануари би можел да стане член на Кралевите, и така Барселона би доживеала уште еден голем удар.

Фантастичниот 23-годишен стопер веќе со години воодушевува во дресот на баскискиот великан. Настапи за Атлетик на 200 натпревари, а од јануари кариерата би требало да ја продолжи во мадридски Реал.

Покрај Барселона и Реал, интерес за францускиот репрезентативец покажа и Манчестер Сити. Сепак, на крајот срцето на младиот фудбалер се насочи кон главниот град на Шпанија и сигурно Реал ќе има фантастично засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …