Дома Луд Спорт Утро од соништата: Тренирал сам и му се придружил најдобриот играч во светот (Фото)

Утро од соништата: Тренирал сам и му се придружил најдобриот играч во светот (Фото)

Сигурно како деца додека сте играле на локалното игралиште сте замислувале колку би било добро сега од некаде да се појави, Роналдо, Роналдињо, Ривалдо…или во поново време Меси или Кристиано.

Токму тоа му се случи на 19 годишиот Канаѓанец Гуиламел Кимет од градот Монт-Тремблант каде што еден негов утрински тренинг се претворил во еден од најубавите спомени кои ќе ги памети до крајот на својот живот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Обожавам да вежбам сам рано натуро, бидејќи во тоа време нема никој и тоа навистина ме опушта. Мразот е зовршено припремен и навистина уживам“, изјави Кимет кој во еден момент забележал дека некој се наближува кон лизгалиштето.

„Си помислив: Па нема некој сега да ми пречи. Но кога видов кој излегува не можев да си поверувам на очите, го препознав од огромна далечина“.

Од автомобилот излегол Сиднеј Кросби (30) трикратниот Стенли Куп и според мислењето најдобриот хокеар во светот. Канаѓанецот малку прошетал околу лизгалиштето и го запрашал момчето дали ќе дојде уште некој.

„Му кажав дека во овој период од денот нема никој, но прашав дали сака малку да тренира со мене. Не размислуваше ниту момент. Ја зема опремата и иако беше навистина ладно можеби -15 седна во снегот и се пресоблече“, разкажувало воодушевеното момче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…