Дома Топ вести „Утка“ на деценијата: Баерн одбил да го доведе Варан за 5 милиони

„Утка“ на деценијата: Баерн одбил да го доведе Варан за 5 милиони

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Вили Сањол откри дека се обидел да го донесе Рафаел Варан во баварскиот гигант.

Меѓутоа, од Баерн не биле заинтересирани за Французинот, кој веднаш потоа направи трансфер во Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога работев како скаут во Баерн, еден пријател ми се јави и ми кажа: Дојди во Ленс, ќе ти покажам еден исклучителен талент“. Појдов и навистина останав импресиониран. Варан играше како играч за врска во првото полувреме и како дефанзивец во второто. Неговата зрелост беше неверојатна за толку млад фудбалер“, открива Сањол.

„Брзо влегов во преговори со раководството на Ленс и разбрав дека може да го донесеме за 5 милиони евра, со вклучени бонуси. Меѓутоа, кога ја пренесов информацијата во Баерн, спортскиот директор ми рече дека тоа се многу пари за 18-годишен играч. Два месеци подоцна Варан се пресели во Реал Мадрид за 10 милиони евра“, додаде Сањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…