Иско во последниот ден од преодниот рок можеше да направи во Унион Берлин, но на крајот трансферот пропадна.
Првично беше објавено дека трансферот пропаднал затоа што Иско не ги поминал медицинските прегледи, но сега се покажа дека причината не била тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, двете страни се обвинуваат за тоа кој е виновен. Од таборот на Иско обвинуваат дека договориле договор на година ипол, а кога пристигнале таму добиле договор да потпишат на половина година.
Тврдењата на Унион Берлин се дека Иско ги променил барањата кога пристигнал во Германија и побарал поголема плата, а неговите агенти поголема провизија и тие услови не биле прифатливи за клубот.
„Кога доаѓате на медицински прегледи вие сте завршиле со преговори. Но, ние добивме промени во договорот и затоа се откажуваме од работи кои не ни одговараат“, изјави Оливер Рухнерт, менаџерот на клубот.
Иско сега е слободен фудбалер и има можност да потпише за друг клуб и надвор од преодниот рок.