Францускиот дефанзивец Самуел Умтити се уште не одлучил дали на крајот од сезоната ќе остане во Барселона откако голем интерес за неговите услуги покажа Манчестер Јунајтед.
Умтити со Барселона има договор на уште три сезони, но многу лесно би можело да се случи на лето тој да го напушти „Ноу Камп“ бидејќи во неговиот договор постои откупна клазула од „скромни“ 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот призна дека сака да остане во Барса, но клубот мора да го исполни неговиот услов – да му ја зголеми платата. Умтити во Барселона годишно заработува околу два милиони евра.
Сега тој сака прилично зголемување на платата од околу седум милиони евра, што значи дека годишно би добивал девет милиони евра. Барса тешко дека ќе го исполни ваквото негово барање, тоа би довело до пореметување на платежната структура во клубот.
Сето ова не наведува да размислуваме дека неговото заминување е реална опција.
Според шпанските медиуми Барселона веќе избрала која ќе го замени Умтити доколку тој замине. Станува збор за играчот на Севиља Клемент Ленглет.