Украина, Италија… па зошто не и ние?
Сѐзапочна со барањето на спортистите во Иран нивната земја да биде исфрлена од Светското првенство поради кршење на човековите права и притисокот кон жените.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ФИФА засега не се огласила и се чека одговорот – дали Иран ќе остане учесник на Мундијалот кој започнува за помалку од еден месец. Украинците, како оштетени поради војната, жалејќи се дека немале исти услови како останатите репрезентации, побараа тие да го добијат местото. Само еден ден подоцна се јавија Италијанците.
Италија преку својот амбасадор во Обединетите Нации, Маурицио Масари, испрати писмо до претседателот на ФИФА Џани Инфантино во кое се наведува дека тие како актуелни шампиони на Европа имаат право да го побараат тоа место доколку Иран навистина биде исфрлен. Ако тие се обидуваат на некој начин да стигнат до Мундијалот, зошто да не се направи обид и од наша страна?
Причина? Имаме…
Кога Украина без некој посебен успех, со финален бараж за Мундијал во кој беа поразени од Шкотска и Италијанците, на „стара слава“ се обидуваат, можеме и ние како селекција која изгубила во финалниот бараж, но успеала да го елиминира актуелниот европски шампион. Исто така Италија е селекцијата која е најдобро рангирана од земјите кои не се пласираа, па сигурно нема друга репрезентација во баражите која елиминирала таков противник.
Повеќе од јасно е дека ФИФА си има правила и сите европски селекции кои се обидуваат да дојдат до Мундијалот можат само да сонуваат, затоа што правилото јасно гласи – во случај Иран да испадне од Светското првенство, може да биде заменет само со земја од истата конфедерација, а тоа би биле Обединетите Арапски Емирати.
Но, сонува Украина, сонува Италија – па можеме и ние!
Пишува: Стефан Даскалов