Дома Фудбал Италија Укината суспензијата на Стротман – ќе игра против Милан и Јуве!

Укината суспензијата на Стротман – ќе игра против Милан и Јуве!

Италијанската фудбалска репрезентација ја прифати жалбата на Рома и ја укина суспензијата за Кевин Стротман од два натпревари која му беше изречена на Холанѓанецот.

Стротман доби суспензија по користење на видео снимка поради наводна симулација со која издејствувал противничкиот фудбалер Каталди да заработи црвен картон на дербито со Лацио.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Рома веднаш реагираше со жалба, па добрата вест за тренерот Спалети е дека ќе може да го користи Холанѓанецот за дерби натпреварите против Милан и Јувентус.

„Во теорија секогаш може да се користи видео снимка дури и доколку судијата го забележал инцидентот, но не увидел дека станува збор за симулација. Сепак, федералниот закон укажува дека тоа може да се користи само доколку другото лице никако не влијаело врз лицето што симулирано инцидент. Во случајов Каталдо го повлече Стротман за дресот, а потоа следеше реакцијата на фудбалерот на Рома, поради што Стротман не може да биде казнет за овој инцидент“, се вели во соопштението на Италијанската Фудбалска Федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта завршил во болница по натпреварот на Барселона

Барселона со вчерашната победа од 3:0 против Рајо Ваљекано го обезбеди второто место на кр…