Дома Фудбал Останато УЕФА се закани на ПСЖ: Ова се трите начина на кои Парижаните можат да ја избегнат тешката казна…

УЕФА се закани на ПСЖ: Ова се трите начина на кои Парижаните можат да ја избегнат тешката казна…

ПСЖ во текот на летото за заслувања потроши 238 милиони евра, а во тоа не се смета трансферот на Килијан Мбапе, кој пристигна на едногодишна позајмица од Монако, по што клубот од Монте Карло ќе добие 145 милиони евра, а можно е и дополнителни 35 со бонуси.

Затоа клубот од Париз е во проблем со финансискиот фер-плеј, па се наоѓа под будно око на УЕФА. Но, се чини дека и за тоа имаат решение на „Паркот на принцовите“.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Според наведувањата, на ПСЖ му се потребни дополнителни 80 милиони евра приход, за што УЕФА ги предупреди дека мораат да достават план како тоа ќе го остварат. Од Нион стигнаа три правила кои Французите мораат да ги исполнат ако сакаат да избегнат тешки санкции.

Продавање на играчи во јануари

Унаи Емери има моментално 24 играчи во тимот. Некои од ѕвездите кои не се стандардни, ги посакуваат бројни европски екипи. Затоа ПСЖ ќе се обиде да ги продаде во јануари, а први на листата се Лукас Моута и Анхел Ди Мариа, а тука се и Бен Арфа, па дури и Јулијан Дракслер.

Така што, ПСЖ сигурно нема да купува, туку ќе продава некои од играчите кои не се потребни, особено во офанзива каде се недопирливите Нејмар, Едисон Кавани и Мбапе.

Поголеми приходи од спонзорските договори

Јавна тајна е дека францускиот тим е финансиран од извори од Катар преку претседатело Насер Ал-Келаифи. Меѓутоа, клубот за зимата подготвува план за северносмериканско тло, на кое сака да бара компании како спонзори и маркетинг, со што значително би се заработиле повеќе пари и би ги добиле споменатите 80 милиони евра.

Такво нешто не е невозможно кога се знаат акциите и популарноста на ПСЖ со пристигнувањето на Нејмар.

Зголемување на приходите од влезниците и ТВ правата

Исто така, како трета опција стојат и приходите од влезниците и ТВ правата. Особено ова второто е интерес кај ПСЖ кој дополнителни 8 милиони евра би заработил од ТВ правата оваа сезона ако Монако испадне во групната фаза од ЛШ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…