Дома Фудбал Останато УЕФА ранкинг: Италија ја прескокна Германија, стравуваат и Англичаните

УЕФА ранкинг: Италија ја прескокна Германија, стравуваат и Англичаните

После една цела деценија Италијанците ги престигнаа Германците, поточно Серија А сега е подобро рангирана од Бундес лигата.

После победите на Јувентус, Наполи и Рома синоќа во Лигата на шампиони и поразите на Баерн, Дортмунд и Лајпциг Италија стигна до третото место на УЕФА ранг листата, додека Германија падна на четвртото место.

Разликата се намалуваше изминатите години, а за тоа најзаслужен е Јувентус кој два пати во изминатите години се стигна до финалето во ЛШ.

Сега Италија е на чекор да ја стигне и Премиер лигата бидејќи разликата е само два бода, додека на првото место неприкосновена е Шпанија.

Меѓутоа ова нема да има големи промени, односно нема Германија да остане само со три преставници во Лига на шампиони бидејќи со новиот формат сите четири лиги ќе имаат по четири претставници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓорѓи Мојсов дојде во Земун, тимот прекина низа од седум порази!

Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов имаше позитивно деби на клупата на српскиот прволигаш Зем…