Дома Фудбал Репрезентации УЕФА по Русија може да исклучи уште една репрезентација од квалификациите

УЕФА по Русија може да исклучи уште една репрезентација од квалификациите

Пред само шест дена започнаа квалификациите за Европското првенство во кои како што е познато Русија не учествува поради суспензијата за ситуацијата во Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, покрај Русија УЕФА би можела да суспендира уште една репрезентација. Станува збор за селекцијата на Белорусија која веќе ги започна квалификациите и игра заедно во група со Швајцарија, Романија, Косово, Андора и Израел.

На следниот состанок на УЕФА треба да биде донесена конечна одлука. Состанокот ќе се одржи на 4-ти април.

Белорусија би можела да биде исклучена како сојузник на Русија во конфликтот во Украина. Русите се суспендирани и од УЕФА и од ФИФА.

Белорусите веќе одиграа два натпревари во квалификациите, од Швајцарија изгубија 0:5, а од Романија 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…