Кошаркарот на Кливленд Кавалерс, Чеди Осман кој е роден во Охрид изминатата вечер настапи на Ол-Стар натпреварот на ѕвездите во подем.
Осман има одлична сезона зад себе со постигнати 12.4 поени по натпревар, 4.7 скокови и 2.1 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е втора година во која охриѓанецот Осман настапува во најсилната и најатрактивна кошаркарска лига во светот. Чеди се прикажува во одлично светло во дресот на Кливленд, а пред само неколку дена го имаше и својот најдобар натпревар против Мајами на кој постигна вкупно 29 поени.
Чеди Осман значително напредуваше во однос на минатата сезона кога бележеше само 8.5 поени по натпревар.
Ваквите бројки му донесоа на Осман настап помеѓу младите ѕвезди во најсилната кошаркарска лига.
При оваа прилика Осман вчера пријатно ја израдува македонската јавност кога најави дека во натпреварот ќе носи обележја на Македонија и Турција.
Осман е роден во Охрид, но настапува репрезентацијата на Турција, а во вчерашниот натпревар подеднакво покажа почит и кон нашата земја со што покажа дека не заборава од каде потекнува.
Охриѓанецот се одлучи на Ол-Стар натпреварот да настапи со патики на кои ги има двете знамиња (македонското и турското).
Значителен учинок Осман немаше во овој натпревар, aза нас секако беше посебно чуството да го гледаме македонското знаме на еден такво светски настан.
Иначе, Осман е вториот кошаркар кој е роден во нашата земја и забележал настап на „Ол-Стар“. Прв беше Перо Антиќ кој на овој ист натпревар учествуваше во 2014 година кога во НБА настапуваше за тимот на Атланта.