Баерн Минхен игра лоша сезона, а очигледно е дека во клубот владее хаотичност.
Тоа се виде кога раководството одлучи изненадувачки да му врачи отказ на Нагелсман и го назначи Тухел за нов тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Тухел наместо да го крене тимот на повисоко ниво, Баер бележи разочарувачки резултати.
Без оглед на тоа, Кан и Салихамиџиќ не го обвинуваат Тухел, туку сите во клубот треба да се запрашаат за постапките.
„Томас Тухел е последната личност за која треба да зборуваме. Тој прави се за да го извлече најдоброто од момците. Нема да поднесам оставка. Мојата единствена цел е да ја земам титулата на крајот од сезоната, а потоа сериозно да нападнам следната година“, изјави Оливер Кан.
Медиумите тврдат дека Тухел на лето ќе донесе засилувања по свој вкус и дека ќе има реконструкција на тимот.