Дома Фудбал Англија Тухел се изнасмеа на прашањето за Тотенхем 🎥

Тухел се изнасмеа на прашањето за Тотенхем 🎥

Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел имаше интересен настап на прес-конференцијата.

Англиските новинари го прашаа Тухел дали тој би го преземал градскиот ривал Тотенхем како што тоа го направи поранешниот стратег на „сините“ Антонио Конте. Германецот прво гласно се насмеа на ова прашање, а потоа и одговори.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Имам многу работа тука и среќен сум каде што сум. Добра вест за Премиер лигата е доаѓањето на Конте, дојде еден од најдобрите менаџери во светот. Ќе биде тешко да се игра против Тотенхем, сигурен сум. Јас уживам и како што кажав среќен сум каде што сум, не ме интересираат други тимови“, изјави Тухел.

Тухел во изминатите 10 месеци работи одлично во Челзи, а ја одведе екипата и до титулата европски шампион. Сезонава „сините“ се и еден од главните кандидати за шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијански медиуми: Џеко се согласи на понудата на Хајдук. Наскоро потпишува

Един Џеко ќе стане нов играч на Хајдук, тврди италијански Медиасет. Италијанците пишуваат …