Томас Тухел за прв пат проговори за отказот кој го доби во Челзи и призна дека останал шокиран.
Тухел неодама седна на кормилото на Баерн Минхен, но се уште не може да го заборави начинот на кој беше избркан од Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Беше шок. Средбата траеше само три до пет минути, во осум часот наутро. Ама и не бев нешто за разговор. Одлуката беше донесена, таа беше шокантна за нас. Некако се уште тоа ме боли, не можам да најдам начин да го преболам, зашто имавме впечаток сите во стручниот штаб дека сме на вистинско место во вистинско време и дека можеме да направиме уште поголеми работи“.
„Сакавме долго да останеме, ама…Сепак, сега најдов нов предизвик и среќен сум што сум во Баерн“, изјави Германецот.