Дома Топ вести Тухел добива 200 милиони и има две големи желби

Тухел добива 200 милиони и има две големи желби

Eрлинг Халанд и Даклан Рајс ќе бидат главните желби на Челзи за летниот преоден рок.

Така тврди „Скај Спорт“, кој објави дека Челзи во летниот преоден рок ќе тргне по овие двајца фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рајс и претходно се поврзуваше со трансфер на „Стенфорд Бриџ“, а Тухел дал зелено светло за негов трансфер.

Играчот одигра фантастична сезона во Вест Хем, но „чеканите“ за неговата слобода бараат 80 милиони евра. Сепак, Челзи се надева дека ќе може да ја намали цената за 22-годишниот дефанзивец.

Меѓутоа доведувањето на Халанд ќе биде далеку поголем предизвик. Норвешкото чудо од дете е желба на најдобрите тимови во Европа, а Борусија Дортмунд нема намера да се откаже од него.

Тухел ќе има на располагање 200 милиони фунти за трансфери, а овие двајва фудбалери се главни приоритети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…