Дома Фудбал „Тутоспорт“ открива детали: Роналдо никогаш не се прилагоди на тимскиот дух на Јувентус

„Тутоспорт“ открива детали: Роналдо никогаш не се прилагоди на тимскиот дух на Јувентус

Tимот на Јувентус минатата сезона влезе во огромни проблеми. Тимот кој го водеше Андреа Пирло играше лошо, титулата ја освои Интер, а „старата дама“ едвај се избори за излез во Лигата на шампионите.

Кристиано Роналдо ова лето се врати во Манчестер Јунајтед и сега како полека да почнува да се открива што не било во ред во соблекувалната на Јувентус. Џорџо Киелини изјави дека ќе било подобро ако Роналдо си заминел порано (тука), додека Бонучи зборуваше дека тимот играл за Португалецот (тука).


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Детали за целата ситуација сега изнесува „Тутоспорт“. Италијанскиот медиум откри непознати детали околу португалскиот напаѓач.

„Роналдо не се трудеше во одбраната и никогаш не се прилагоди на тимскиот дух. Секогаш ги кршеше правилата во соблекувалната за еднаковст. Играчите почнаа да чувствуваат дека не се исто третирани. Имаше незадоволство и тоа можеше да се забележи на играта на теренот“, пишува „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…