Дома Фудбал Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија со 2:1.

Мерих Демирал е херојот на Турција, кој двапати погоди после корнерите на Арда Ѓулер.

Првиот гол го постигна во првата минута, а на 2:0 зголеми на стартот на второто полувреме.

Австрија успеа да намали на 2:1 и до крајот имаше неколку големи шанси, но не успеа да дојде до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку, но младите македонски фудбалери останаа на 113. место

Македонија У15 го заврши експерименталниот турнир на ФИФА со шест победи на десет натпрева…