Откако новите сопственици влегоа во Њукасл овој клуб се најде во центарот на вниманието и се поврзува со разни имиња.
Се очекува во зимскиот преоден рок клубот да доведе засилувања со кој новиот тренер Еди Хау би обезбедил опстанок. Интересно е што медиуми на Островот пишуваат дека Њукалс е заинтересиран за тројца фудбалери од Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првата желба е резервниот голман на „Црвените ѓаволи“ Дин Хендерсон, а потоа Дони Ван Де Бек и Џеси Лингард. Лингард беше одличен за време на позајмицата во Вест Хем, но по враќањето во Јунајтед игра премалку и нема прилика да покаже што знае. Ван Де Бек во клубот дојде како големо засилување, но од некоја причина Солскјер не смета сериозно на него.
Значи, сите тројца во Јунајтед се во втор план, додека во Њукасл би добиле важни улоги во спасувањето на клубот од опасната зона. Планот на богатите сопственици е да се избори опстанок сезонава со цел на лето да можат да донесат уште поквалитетни засилувања.