Дома Останати Авто Мото Трката во Малезија остави многумина во неверување: Бизарна причина поради која никој не стигна до целта (Видео)

Трката во Малезија остави многумина во неверување: Бизарна причина поради која никој не стигна до целта (Видео)

Финскиот возач на Ф1, Кими Рајконен беше најбрз на третиот слободен тренинг за ГН на Малезија на која беше 0.162 секунди побрз од својот тимски колега, Себастијан Фетел.

Рајконен возеше 1:3.880 на суперсофт гуми пред Фетел кој беше убедливо најбрз на вториот тренинг, а Рикиардо во Ред Бу беше половина десетинка побавен на третата позиција. Возачите на Мерцедес успеаа да најдат брзина во однос на петокот и завршја на четвртата и петтата позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И додека сме во исчекување на главната трка, како предигра на истата стаза беше оддржана и трката за Ф4. Меѓутоа, истата заврши на бизарен начин.

Имено, никој, ама буквално никој не успеа да дојде до целта, а причината за оваа трагикомедија е и повеќе од бизарна.

Имено, трката заврши на урнебесен начин. Тимовите лошо проценија колку гориво секој болид треба да има во својот болид, па еден по еден се откажуваше и никој не успеа да ги комплетира деветте круга колку што требаа да се извозат.

На крајот, Кејн Шепард кој стигна најдалеку е прогласен за победник.

Ваков блам навистина е реткост да се види.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…