Дома Трансфер зона Три милиони евра прават проблем во договорот помеѓу Милан и Донарума

Три милиони евра прават проблем во договорот помеѓу Милан и Донарума

Според информациите на италијанските медиуми се уште нема договор помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан за продолжување на соработката.

Реномираниот „Кориере дело Спорт“ објави дека Донарума бара плата од 10 милиони евра по сезона додека Милан нуди три помалку, седум.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола нема намера да отстапи и ќе се обиде да изнуди фиксни 10 милиони евра. Милан пак од друга страна преговара за да се избори за седум, плус одредени бонуси.

Сезонава младиот голман одигра 19 натпревари во Серија А и на седум од нив не прими гол. Ќе потсетиме, „росонерите“ се лидери во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Грилиш може да го напушти Манчестер Сити, познато и кој клуб сака да го доведе?

Meдимуте во Англија пренесуваат дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Гри…