Дома Топ вести „Триаголникот на Мендеш“: Трансфери кои ќе предизвикаат „земјотрес“ во Европа!

„Триаголникот на Мендеш“: Трансфери кои ќе предизвикаат „земјотрес“ во Европа!

„Спортмедиасет“ пишува дека супер-агентот Жорге Мендеш подготвува трансфери со кои ќе бидат инволвирани Реал Мадрид, Интер и Лацио. Доколку се реализираат овие трансфери со сигурност ќе се промени фудбалската карта на Европа.

Имено, Лука Модриќ е една од главните теми во спортските медиуми и се погласно се шпекулира за негов трансфер во Интер. Медиумот тврди дека токму Мендеш ќе помогне во реализација на трансферот на Хрватот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во целиот „триаголник“ Сергеј Милинковиќ-Савиќ треба да заврши во Реал Мадрид како замена за Модриќ, додека Жоао Марио да пристигне во Лацио како замена за Србинот.

Ако успеат плановите на Мендеш, Модриќ ќе се пресели во Интер за 50 милиони евра, Жоао Марио ќе замине во Лацио за 35 милиони, а Реал ќе го добие српскиот репрезентативец за 120 милиони евра.

Ова во моментов изгледа како теорија, но Мендеш веќе работи да го проведе во практика, а кога е португалскиот агент во прашање не постојат граници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…