Кристијан Вуд од Детроит Пистонс е заразен со корона вирусот и е трет од НБА по Руди Гобер и Донован Мичел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Детроит потврди дека имаат играч со позитивен тест, но не го открија неговото име, меѓутоа медиумите потврдија дека станува збор за 24-годишниот центар.
„Ги добивме тестовите денес и тие се позитивни. Здравјето на нашите играчи, нашите членови, апсолутно сите во лигата и на оние кои се погодени од вирусот е од најголема важност за нас. Ние ќе ја продолжиме соработката со медицинската заедница. Тимот и самите здравствени власти се во изолација и ќе останат под внимателно набудување во наредните денови“, соопштија од Детроит.
Неговиот агент, Адам Пенсак, изјави дека играчот се чувствува добро, а сега ќе се утврдува дали уште некој од тимот е позитивен на КОВИД 19