Дома Трансфер зона Тренерот на Ајакс: Знаевме дека Де Лихт ќе си замине

Тренерот на Ајакс: Знаевме дека Де Лихт ќе си замине

Maтијас Де Лихт денес би требало да пристигне во Торино.

Младиот холандски фудбалер после одличната сезона во дресот на Ајакс доби неколку понуди од европските клубови, а како што стојат работите се одлучил кариерата да ја продолжи во Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Де Лихт долго време се поврзуваше со Барселона, но на крајот неговиот агент Мино Раиола порача дека подобра опција за него е Јувентус. Наводно, се е договорено и се чека само официјална потврда.

Дека ќе го напушти Ајакс ова лето потврди и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг. Тен Хаг отворено призна дека во клубот очекувале тој да замине.

„Знаецме дека Де Лихт ќе си замине. Тој е одличен играч и сега ќе мораме да го замениме и тоа воопшто нема да биде лесно“, изјави Тен Хаг.
Сепак, на прашањето каде ќе ја продолжи кариерата Де Лихт не сакаше да одговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…