Дома Топ вести Трансфер на годината: Мурињо носи голема ѕвезда за 0 евра!

Трансфер на годината: Мурињо носи голема ѕвезда за 0 евра!

Манчестер Јунајтед одлично ја започна сезоната, но Мурињо ја користи секоја шанса за додатно да го засили тимот.

Англиските медиуми откриваат дека „Специјалниот“ е на чекор да донесе големо засилување на „Олд Трафорд“ и тоа потполно бесплатно.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Наводно Месут Озил е спремен во јануари да потпише преддоговор со „црвените ѓаволи“. Германецот влезе во последната година од договорот со Арсенал и во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.

Тоа најверојатно ќе биде Манчестер Јунајтед каде Озил повторно ќе соработува со Мурињо, како во времето додека играше во Реал Мадрид.

Вистина е дека формата на Озил е во надолна линија, најмногу поради повредите, но Мурињо смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим бидејќи одлично ги познава неговите квалитети.

Притоа не сака да ја испушти шансата да донесе така квалитетно засилување без да потроши ни едно евро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…