Второто летно засилување за Јувентус стигна во Торино. Германскиот интернационалец Емре Џан утрово се јави на медицински прегледи и најверојатно во текот на денот ќе стави потпис на договор со Старата дама.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Довчерашниот фудбалер на Ливерпул долго се поврзуваше со трансфер во италијанскиот шампион, а после неколку неуспешни преговори, „Старата дама“, својствено на досегашната пракса, го донесе за нула евра. Така ги донесе Пирло, Погба, Кедира, Алвес..
Џан игра на позицијата офанзивен везен играч, а може да биде и прв играч пред одбраната. Тој е долгогодишна желба на Алегри, а поради интересот на Барселона за Пјаниќ еве прилика за дополнителни шпекулации.