Дома Трансфер зона Трансферот на Џеко во Јувентус е пред реализација!

Трансферот на Џеко во Јувентус е пред реализација!

Трансферот на Един Џеко во Јувентус е се поизвесен, така барем тврди експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио.

Скоро еден месец низ италијанските медиуми се шпекулира за Џеко, но изгледа дека на тие шпекулации им се ближи крајот. Ди Марцио важи за човек од доверба кога се трансферите во прашање. Тој сега тврди дека од трансфер во Јувентус Џеко го делат само ситници.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според неговите информации Џеко ќе потпише Јувентус штом за Рома ќе потпише Аркадиуш Милик од Наполи.

Наводно, Рома и Наполи ги договориле условите, Наполи ќе добие 25 милиони евра и Милик ќе се пресели во Рома со што се отвара патот за Џеко во Јувентус.

Се проценува дека Рома со бонусите ќе инкасира околу 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…