Дома Трансфер зона Трансферот на Обамејанг во Челзи може да пропадне поради тетоважа?

Трансферот на Обамејанг во Челзи може да пропадне поради тетоважа?

Челзи се уште не се откажал од трансферот на Пјер Емерик Обамејанг кого се обидува да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.

Веќе десетина дена на големо се шпекулира дека Обамејанг е главна мета на Челзи и „сините“ се обидуваат да го доведат во финишот од преодниот рок. Според информациите Габонецот сериозно размислува да ја напушти Барселона после само половина година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обамејанг во Барселона пристигна кон крајот на јануари и одигра солидна полусезона. Но со доаѓањето на Роберт Левандовски стана јасно дека нема да биде прва опција кај Чави.

Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг размислува за трансфер во Челзи затоа што кај Тухел во овој момент би бил прв напаѓач. Барселона исто така е заинтересирана да го продаде Габонецот, но само ако Челзи плати 25 милиони евра. За Каталонците тоа ќе биде одлична работа затоа што во јануари го доведоа бесплатно.

Сепак навивачите на Челзи не се премногу воодушевени од најавата за пристигнување на Обамејанг. Обамејанг пред Барселона долги години го носеше дресот на Арсенал и беше капитен на овој тим, а во тој период направи и тетоважа.

За навивачите на Челзи неприфатливо е Обамејанг со тетоважа од Арсенал да го носи дресот на Челзи. Ситуацијата со Барселона е поинаква затоа што познато е колкаво е ривалството помеѓу двата лондонски клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…