Ако го прашате, Марко Швајцер, некогашниот голман на Фулам и Челзи, челниците на Ливерпул направија одличен потег со продажбата на Филипе Кутињо.
Бразилецот со месеци се доведуваше во врска со Барселона, а сагата конечно е завршена во јануари кога каталонскиот клуб за трансфер издвои 120 милиони евра. Освен што заработија огромна сума, во Ливерпул, според мислењето на Швајцер, направија најдобра можна работа со продажбата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ливерпул веќе долго е во фаза на еволуција. Дури со доаѓањето на Клоп можеме да кажеме дека работите навистина од сезона во сезона се се подобри“, истакна Швајцер и додаде:
„Оваа година направија уште еден чекор напред кога во прашање е играта, а секако за тоа големи заслуги имаат и Салах, Мане и Фирмино. Се чини дека заминувањето на Кутињо е најдобрата работа што можеше да му се случи на Ливерпул. Со неговото заминување ова трио доби повеќе простор и почна да игра уште подобро“.
Кутињо за потсетување, мина на „Енфилд“ вкупно 5 години и одигра за „Црвените“ 200 официјални натпревари.