Дома Трансфер зона Трансферот на Ибра пропадна, Милан се насочува кон Кваљарела

Трансферот на Ибра пропадна, Милан се насочува кон Кваљарела

Откако и официјално пропадна трансферот на Златан Ибрахимовиќ, раководството на Милан се насочува кон друг ветеран од Серија А.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ покажуваат сериозен интерес кон напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан сака да донесе уште еден напаѓач во јануари, па веќе стапиле во контакт со агентот на 35-годишниот напаѓач.

Кваљарела оваа сезона игра одлично и има постигнато 8 гола и 5 асистенции во Серија А.

Милан сака да го донесе напаѓачот на 6 месеци, со опција за продолжување на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …