Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 7-ми јули: Закажана презентацијата на Гризман, Донарума донесе конечна одлука

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО 7-ми јули: Закажана презентацијата на Гризман, Донарума донесе конечна одлука

Нашата редакција и денес навремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

Стефан Ел Шарави е на чекор од трансфер во кинески Шангај Шенхуа каде за три години ќе заработи 40 милиони евра (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Атлетико Мадрид се вклучи во трката за Мауро Икарди (ОВДЕ).

-Јувентус и Рома се во напредни преговори за трансфер на Гонзало Игуаин, кој се уште не дал зелено светло за преселба на „Олимпико“. Другиот проблем е што „бјанконерите“ како дел од трансферот го бараат Николо Заниоло.

-БОМБА: Антоан Гризман штрајкува и нема да се појави на првиот тренинг на Атлетико. Французинот го известил клубот дека е спремен сам да ја плати откупната клаузула за да се пресели на „Камп Ноу“ (ОВДЕ).

Пол Погба сепак пристигна во тренинг базата во Манчестер и ќе патува со тимот на турнеја во Австралија.

Жозе Мурињо ја обди најбогатата понуда во историјата на фудбалот (ОВДЕ).

-БОМБА: Милан започна преговори со Бенфика за трансфер на младата ѕвезда Жедсон Фернандес. 20-годишниот играч за врска воодушеви оваа сезона, а неговата цена е 35 милиони евра.

Диего Коста може да го напушти Атлетико Мадрид ова лето и да се врати во Премиер лигата (ОВДЕ).

-Официјално: ПСЖ донесе замена за Џиџи Буфон, Станува збор за голманот, Марчин Булка, кој доаѓа од Челзи. (ОВДЕ).

-Милан ја подобри понудата за Џордан Верето од Фиорентина. „Росонерите“ за неговиот потпис нудат 15 милиони евра плус потписот на Биглиа.

-ПСЖ го потврди доаѓањето на левиот бек на Ајакс, Мичел Бекер. Овој 19-годишен фудбалер потекнува од школата на Ајакс, но ова лето му истече договорот и како слободен агент се сели во Париз.

-КОНЕЧНО: Шпанските медиуми тврдат дека конечно падна договор и трансферот на Гризман во Барселона ќе биде официјализиран во среда, а за петок е закажана презентација на „Камп Ноу“ (ОВДЕ).

-Донарума донесе конечна одлука за својата иднина и му ја соопшти на раководството на Милан (ОВДЕ).

-Манчестер Јунајтед ја одби и најновата понуда на Интер за Ромелу Лукаку (ОВДЕ).

– Рома испрати понуда до Торино за дефанзивецит Нкулу. „Волчицата“ го нуди Пероти плус 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …