Дома Трансфер зона Диего Коста се враќа во Премиер лигата!?

Диего Коста се враќа во Премиер лигата!?

costa

Диего Коста ова лето би можел да се врати во Премиер лигата.

Сопственикот на Евертон им наредил на клубот да ја разгледа можноста за доведување на Коста до крајот на трансфер периодот. Во извештајот исто така се тврди дека Мошири е подготвен да пплати голема сума на пари за шпанскиот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коста беше многу блиску до Евертон во 2017. година, но тогаш од Челзи сепак си замина во Атлетико Мадрид, но изгледа дека на 30-годишниот фудбалер не се смета во следната сезона. Конкуренцијата во Атлетико е голема, а Коста поради своето однесување и не е многу сакан во тимот на Диего Симеоне.

Во три сезони во Премиер лигата како напаѓач на Челзи постигна 52 гола и освои две титули, па се разбира на „Гудисон парк“ ќе бидат воодушевени доколку им дојде напаѓач од тој калибар. Шпанскиот играч не е единствениот напаѓач на радарот на Евертон. Клубот исто така наводно е заинтересиран и за тинејџерот на Јувентус, Мојс Кин и играчот на Селтик, Макси Лопез.

Навивачите на Евертон по социјалните мрежи пишуваат дека Коста би бил големо засилување и се надеваат дека сопственикот ќе им ја исполни таа желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…