Британскиот таблоид „Сан“ денес пренесува дека Фулам одбил богата понуда за српскиот напаѓач, Александар Митровиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесува споменатиот извор интерес за Митровиќ покажа кинески Гвангжу Евергранде кој испратил понуда вредна 55 милиони евра, но истата веднаш била одбиена.
„Сан наведува и дека богатите Кинези немаат намера да застана тука и ќе испратат нова уште поголема.
Од друга страна не е познато дали Фулам има воопшто желба да го продава Митровиќ во овој преоден рок.
Претходно овој напаѓач се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но тешко дека Фулам ќе се откаже од неговите услуги во овој преоден рок.
Во досегашниот дел од сезоната Митровиќ во Фулам постигна осум погодоци на 21 натпревар.