Дома Видео Се сеќавате ли на легендата на Селтик? Накамура го прослави 40. роденден и потпиша нов договор

Се сеќавате ли на легендата на Селтик? Накамура го прослави 40. роденден и потпиша нов договор

Јапонскиот фудбалер Шунсуке Накамура ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободен удар, а најдобрите игри ги прикажа во Селтик.

Накамура своевремено беше еден од најдобрите играчи на Селтик и ноќна мора од слободни удари за своите противници. Иако веќе долго време не сме слушнале за него, многумина ги изненади веста дека Накамура се уште игра, а вчера потпиша нов договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако веќе има 40 години очигледно нема намера да ја заврши својата кариера. Тој одлучи да го продолжи договорот со јапонскиот тим Ивато кој се натпреварува во првата лига.

Накамура со овој клуб потпиша соработка на уште една година, но порача дека ќе продолжи да игра и наредната година. Нормално, многумина го паметат неговиот гол против Јунајтед во 2006. година кога Селтик славеше со 1:0 и приреди сензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…