Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јуве спрема две „бомби“, Погба се пакува, Хамес доаѓа во Италија

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јуве спрема две „бомби“, Погба се пакува, Хамес доаѓа во Италија

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Веста на денот е секако рекродниот трансфер на Наполи. Полсе Елмас, „наполитанците“ понудија 80 милиони евра за ѕвездата на Лил, Николас Пепе (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Агентот на Милинковиќ-Савиќ пристигна во Англија да ги договори последните детали од неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

БОМБА: Хамес Родригез може да се пресели во Серија А, но не во дресот на Наполи. Колумбиецот започна преговори со Милан (ОВДЕ).

-Изненадување: Евертон е спремен да понуди неверојатни 90 милиони евра за Вилфред Заха и да го украде играчот пред носот на Арсенал.

-Јувентус не престанува со засилувањата. „Старата дама“ до крајот на преодниот рок сака да донесе уште две ѕвезди, а станува збор за Мауро Икарди и Федерико Киеза (ОВДЕ).

-Рома е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на Радамел Фалкао. Искусниот Колумбиец е на радарот на Галатасарај и Валенсија.

-Барселона е спремна да го продаде Филипе Кутињо и веќе ја постави цената за Бразилецот (ОВДЕ).

-Доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ на „Олд Трафорд“ ќе значи заминување на Пол Погба. Медиумите на Островот тврдат дека Французинот веќе има договор со Реал Мадрид.

-Рома гради силен тим ова лето – погледнете како треба да изгледа „волчицата“ следната сезона (ОВДЕ).

-ПОТВРДЕНО: Македонскиот репрезентативец Несторовски е нов играч на Удинезе (ОВДЕ).

-Валенсија е фаворит за доведување на Рафиња од Барселона, но за плејмејкерот интерес покажуваат уште Фиорентина и Аталанта.

-После неуспешните преговори со Јувентус за Демирал, Милан ќе се насочи кон Даниеле Ругани.

-Атнонио Конте по секоја цена го сака Артуро Видал во својот тим. Меѓутоа за реализација на овој трансфер „нероаѕурите“ ќе треба да се ослободат од Наинголан и Борха Валеро (ОВДЕ).

–Покрај Вулверхемптон и Вест Хем се приклучи во трката за потписот на Патрик Кутроне. Милан за неговиот потпис бара најмалку 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…