Дома Топ вести Барса ја постави цената на Кутињо, ако го продаде ова лето ќе „спаси“ 25 милиони

Барса ја постави цената на Кутињо, ако го продаде ова лето ќе „спаси“ 25 милиони

Раководството на Барселона донесе одлука да го продаде Филипе Кутињо во летниот преоден рок, иако Бразилецот пристигна како најскапо засилување во историјата на клубот.

Барселона го купи Филипе Кутињо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус 40 милиони евра во форма на бонуси. Според информациите на „Гардијан“, доколку Каталонците го продадат Бразилецот ова лето, 25 милиони од овие бонуси може да не бидат платени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Досега се постигнати три од условите за бонуси: 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите во првата година, 5 милиони за пласман во Лигата на шампионите во втората година и уште 5 милиони за одиграни 25 средби.

Клубот од „Камп Ноу“ до сега за Кутињо плати 135 милиони евра, па поради тоа за неговата слобода бараат 120 милиони евра. Платата на Бразилецот е исто така доста висока – 14 милиони евра годишно.

Каталонците сметаат дека има неколку клубови кои можат да ја платат бараната сума – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона најниската понуда која е спремна да ја прифати е 100 милиони евра плус 20 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…