Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Трампа Дибала – Лукаку, Модриќ и Ракитиќ во Милано

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Трампа Дибала – Лукаку, Модриќ и Ракитиќ во Милано

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Главна тема на трансфер пазарот денес е секако трампата помеѓу Дибала и Лукаку која ја договорија Манчестер Јунајтед и Јувентус. Размената е пред реализација (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Гужва во Милан. Португалскиот напаѓач Рафаел Леао денес ги обавува лекарските прегледи, а на прегледи пристигна и Бразилецот Лео Дуарте. (ОВДЕ).

-Официјално: Кевин Принц Боатенг го комплетираше трансферот во Фиорентина.

-Се уште течат преговорите помеѓу Барселона и Бетис за трансфер на левиот бек Жуниор Фирпо.

-БОМБА: Лука Модриќ со еден потег откри дека очекува трансфер во италијанскиот гигант (ОВДЕ).

-Фиорентина започна преговори за трансфер на Раџа Наинголан. Го сака Белгиецот на едногодишна позајмица (ОВДЕ).

-Барселона одлучи да го задржи Видал и да го стави Ракитиќ на трансфер листа. Хрватот преферира преселба во милански Интер (ОВДЕ).

-Откако ја загбија трката за потписот на Лукаку, „нероаѕурите“ се свртеа кон друга алтернатива (ОВДЕ).

-ГОТОВО: Барселона и Зенит постигнаа договор за трансфер на Малком. Каталонците ќе добијат 40 милиони евра со вклучени бонуси.

Сане е пред трансфер во Баерн Минхен. „Граѓаните“ со парите од трансферот планираат да донесат две засилувања. (ОВДЕ)

-Милан и Атлетико Мадрид ги обновија преговорите за Анхел Кореја. Се очекува во наредните денови да ја „испеглаат“ разликата од 5 милиони евра.

-БОМБА: Манчестер Јунајтед се насочува кон Самуел Умтити и спрема понуда за Барселона (ОВДЕ).

-Медиумите во Италија тврдат дека Пауло Дибала сепак се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“ и ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

-Џенова е сериозно заинтересирана за Лукас Биглија. Милан е спремен да го пушти за сума од 5 милиони евра.

-Рома е во потрага по дефанзивец, а најновите информации се дека „волчицата“ се насочила кон Дејан Ловрен и започнала преговори со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…