Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед спрема понуда за Самуел Умтити

Манчестер Јунајтед спрема понуда за Самуел Умтити

umtiti

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го донесе Самуел Умтити од Барселона доколку пропадне трансферот на Мегваер.

Ел Мундо Депортиво ги потврди извештаите на француските медиуми кои пренесоа дека играчот на каталонскиот клуб е на радарод на Јунајтед, кој е спремен да издвои 50 милиони евра за неговите услуги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во клубот од Олд Трафорд дознаа лоша вест која вели дека Ерик Бејли може да биде надвор од теренот пет месеци поради повреда.

Од друга страна, иако наводно се чинеше како готова работа, Манчестер Јунајтед и натаму не може да го комплетира трансферот на Хари Мегваер од Лестер, па во клубот веќе се размислува за алтернатива.

Умтити е еден од најдобрите одбранбени играчи, но претходната сезона поради повреда на коленото беше надвор од терените пет месеци и одигра само 15 натпревари.

Французинот во 2016. година пристигна од Лион во Барселона и претставуваше одличен тандем со Пике, но после повредата не успеа потполно да се врати во форма и неговото место го зазема Ленгле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…