Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Македонски голман оди во Миделсброу, Милан демантира, Интер и Ериксен

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Македонски голман оди во Миделсброу, Милан демантира, Интер и Ериксен

Со Спортски и денес следете се што се случува на трансфер пазарот!

Ќе започнеме со веста која силно одека вчера вечер – Дани Олмо е пред потпис со Милан! (тука)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ил Матино“ од Напол пишува дека Дрис Мертенс има желба да го напушти Наполи во овој преоден рок, шест месеци пред истекот на неговиот договор. Проблем прави барањето на Наполи од 10 милиони евра, засега ниту еден клуб не испратил таква понуда.

Чави самиот потврди дека понуда од Барселона имало, објасни и зошто ја одбил. (тука)

Англиските медиуми објавија дека Роман Абрамович е спремен да понуди 120 милиони евра за Џајдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Марјано Диаз не добива шанса во Реал Мадрид, сега интерес за него покажа португалска Бенфика. (тука)

Матија Весино се поврзуваше со преминување во Милан и тоа во размена за Франк Кеси, но денес во Италија се пишува дека Лацио влегува во трката со понуда до Интер од 2.5 милиони евра за позајмица и право на откуп за 20 на лето.

Месут Озил ги отфрли шпекулациите дека може да го напушти Арсенал: Среќен сум и задоволен од својот договор, ќе продолжам да играм тука и следната сезона. (тука)

Ветеранот Саломон Калу кариерата би можел да ја продолжи во Фортуна Дизлдорф. Германскиот тим покажал желба да го ангажира.

Островските медиуми пренесуваат дека Микел Артета покажал интерес во Арсенал да го доведе Лајвин Курзава од ПСЖ. Курзава има договор со ПСЖ уште шест месеци.

Дејвид Мојс покажал желба во Евертон да го врати Рос Баркли. Мојс изнел понуда до Челзи за позајмица, но засега во „сините“ тврдат дека Баркли е важен дел од тимот.

Maнчестер Јунајтед е во потрага по среден играч на позајмица до крајот на сезоната. Како можна опција се споменува Маркос Љоренте од Атлетико Мадрид.

Севиља е новиот клуб кој влегува во трката за напаѓачот на Милан Криштоф Пјонтек.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Ливерпул е спремен на лето да тргне по потписот на еден од најпреспективните играчи во Бундес лигата, Каи Хаверц.

Понудата на Атлетико Мадрид за Едисон Кавани гласеше 10 милиони евра, но тоа не е доволно. ПСЖ за Уругваецот сака 30 милиони евра.

Експертот за случувањата на трансфер пазарот Џанлука Ди Марцио пренесува дека Милан и Рома започнале преговори за размена на Сусо и Ченгиз Ундер. За оваа опција италијанските медиуми пишуваа и пред неколку дена.

Нови вести за Олмо! Милан демантира: Не сме испратиле никаква понуда! (тука)

Пред неколку дена се појави вест дека Фернандеш е пред потпис со Јунајтед, потоа дека трансферот пропаднал, а сега одново се тврди дека најдобриот играч на Спортинг е пред трансфер на „Олд Трафорд“. (тука)

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е најблиску до доведување на италијанскиот талент Сандро Тонали. Бреша од неговиот трансфер би можела да добие 50 милиони евра. (тука)

АНГЛИСКИ МИДЕЛСБРОУ ПРЕД ПОТПИС СО МАКЕДОНСКИ ГОЛМАН! (ТУКА)

Пристигнуваат нови детали за Кристијан Ериксен. Данецот ги договорил личните услови со клубот од Милано, додека „нероаѕурите“ ја подигнале понудата на 15 милиони евра. Тотенхем бара 20 милиони евра.

Изненадување од Италија! Политано вчера се сликаше со боите на Рома и ги помина лекарските прегледи, а денес се најавува пропаѓање на трампата поради Спинацола!? (тука)

Францускиот прволиша Лил е спремен да ја продаде својата млада ѕвезда, Бубакари Сумаре, за кого силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи. (тука)

Вчера Анте Ребиќ одигра одличен натпревар за Милан во купот против СПАЛ, па можен е пресврт во неговата ситуација бидејќи Пиоли сега сака да го задржи.

Еве нешто повеќе за можноста Хаверц да го засили Ливерпул (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Марсијал

Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиј…