Германскиот фудбалер Месут Озил нема ништо против да остане во Арсенал.
Озил во моментов е еден од најплатените фудбалери на „Емирати“, но тој никогаш не успеа да ја пронајде вистинската форма, а во последните месеци се шпекулира дека ќе го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фенербахче се споменува како еден од заинтересираните клубови, но се чини дека Озил не оди никаде од Арсенал.
„Презадоволен сум од мојот договор и ќе продолжам да играм овде и следните сезони. Исто така, не можам да предвидам што ќе донесе иднината и затоа сум возбуден“ – изјави Озил.
Да потсетиме дека договорот на Озил со Арсенал истекува до 2021. година.